Пронајдено и извлечено телото на мажот од несреќата кај Рашче

Откако од водите на Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа.

Откако од водите на Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа. Се работи на утврдување на причините, соопштија од Јавното обвинителство.

Екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаа мерки и активности за пронаоѓање на лицето, кое го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче.

Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.