Пронајдено е исчезнатото 15 годишно девојче од Прилепско

Пронајдено е петнаесетгодишно девојче од селото Пешталево Прилепско кое доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато.

Од МВР за за Слободен печат потврдиле дека 15 годишното девојче е пронајдено и веќе е со своите родители.

Инаку, синоќа роднините на девојчето на социјалните мрежи пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.

Апелот на социјалните мрежи е споделен од Светлана Јованоска, која напиша дека девојчето во последно време било многу затворено и не комуницирало со луѓе.