Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираат дека во водите на Вардар е пронајдено тело. Најверојатно се работи за лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”.
„Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е она коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” во реката Вардар. Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од мостот“ – соопштија од ЦУК..
Според Центарот, телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.