„Пронајдени два пиштоли, треба да се вештачат“, рече Спасовски

Во околината на Скопје најдени се два пиштоли кои се поврзуваат со убиството на Вања Ѓорчевска – соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Тие се дел од истрагата. Дополнително ќе бидете информирани за се – вели Спасовски.

Претходно Спасовски рече дека адвокатот го однел во Белград и таму е оставен во хотел, таму го презема друго лице и со ренџ ровер преку граничниот премин Градина го носи во Бугарија, од каде е транспортиран во Турција каде оди во градот Баликесир.

– Таму нашите служби стапуваат во контакт директно не само со полицијата туку и со еден нивен оперативен извор кој за многу кратко време ни потврди дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни ги кажа неговите намери. Од таму сакал да замине во Истанбул – објасни Спасовски

Тука симулирал дека ќе оди но се вратил во градот и денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите во градот.