Промоција на „Ноќни белешки“ од авторот и ексамбасадор Петре Наковски во Скопје
Дипломатскиот клуб – Скопје и Друштвото на писателите на Македонија канат на промоција на книгата „Ноќни белешки“ од Н. Е. г. Петре Наковски, прв амбасадор на независна Р. Македонија во Полска, во периодот од 1995 до 1999 г.

Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 г. во Крчишта, Костурско. Тој е прозаист, член на ДПМ од 1989 г., автор на неколку романи што го третираат прашањето на егзодусот на македонското население во граѓанската војна во Грција. „Ноќни белешки“ се мемоарски записи од г. Петре Наковски, прибележувани во текот на неговата дипломатска мисија во Полска.

Промотор на „Ноќни белешки“ ќе биде Н. Е. амбасадорот Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, а свое поздравно обраќање ќе има Ана Каспшах, заменик-амбасадор во Амбасадата на Полска во Скопје.
Рецензент на „Ноќни белешки“ е Драган Јањатов, дипломат, член на Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје.
Промоцијата ќе се одржи на 28 февруари (петок), 2025 година во 11 часот во ЈУ “Кочо Рацин“ – Скопје, на ул. „Димитрије Чуповски“ бр. 20 (поранешен Дом на градежниците).