Промоција на литературата за деца и млади „Охридска археолошка азбука“

Во големата сала на Општина Охрид денеска ќе се одржи промоција на литературата за деца и млади „Охридска археолошка азбука“, под покровителство на градоначалникот на Општината, Кирил Пецаков.

Во големата сала на Општина Охрид денеска ќе се одржи промоција на литературата за деца и млади „Охридска археолошка азбука“, под покровителство на градоначалникот на Општината, Кирил Пецаков.

Автори на книгата се докторот по археолошки науки, Антонио Јакимовски, доктор по педагошки науки, Елизабета Томевска-Илиевска, магистер по педагошки науки, Маја Јаневска и магистрант по археолошки науки, Иван Малезанов.

Промоцијата е организирана од Општина Охрид во соработка со Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар Охрид“ и Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“.

-Децата и младите имаат ексклузивна можност да ја имаат в раце „Охридската археолошка азбука“, како прва и единствена литература од ваков тип во земјата и во регионот. Таа е наменета за деца и млади преку која на интересен, сликовит и колоритен начин ги откриваат културните богатства на својата татковина, културно се самоосознаваат и развиваат чувство за национална припадност со посебен осврт на градот Охрид и Охридскиот Регион, со цел да ја побуди нивната љубопитност, како и да ги поттикне повеќе да истражуваат за новоизучените поими, соопштија авторите.