Промоција на книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од Андон Мајхошев

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе ја промовира книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од проф. д-р Андон Мајхошев.

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе ја промовира книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од проф. д-р Андон Мајхошев.

Промотори на книгата ќе бидат деканот и продеканот на Правниот факултет на УГД-Штип – проф. д-р Билјана Тодорова и проф. д-р Страшко Стојановски, а
извадоци од книгата ќе читаат студенти од Факултетот.

-По завршувањето на промоцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од ТК „Македонка“, која го прикажува историскиот развој на работниот колектив. Автор на изложбата е проф. д-р Андон Мајхошев, соопшти Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.