
Промоција на книгата „Корона пандемија – приказна за возрасни“ во КИЦ
Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Корона пандемија - приказна за возрасни“ на Росано Чолаков.
Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Корона пандемија – приказна за возрасни“ на Росано Чолаков.
Како што информираа од тимот на Чолаков, на Денот на светското здравје ќе биде промовирана духовно-филозофска книга посветена на корона пандемијата.

– Книгата претставува впечатлив спој на лични, длабоко интимни сведоштва од времето на пандемијата и научно аргументиран осврт заснован врз релевантни научни и медицински сознанија, се додава во соопштението.
Најавено е за книгата да говорат проф. д-р Вело Марковски, д-р Лилија Чолакова Дервишова, како и д-р Јорданчо Иванов.