Промовирана збирката „Спомени за Браќата Миладиновци“

Со промоција на збирката песни на тема „Спомени за Браќата Миладиновци“ денеска во Струга беа одбележани 215 години од раѓањето на Димитрија Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов. Настанот е во организадија на Фондацијата „Миладиновци“, основана од потомците на браќата Миладиновци.

Во книгата, како што информира Ристе Миладин, еден од основачите на Фондацијата, застапени се 78 поети од земјава и странство, поделени во три циклуси.

– Поетските творби во збирката се поделени во три циклуси, домашни, странски и млади автори, изјави Миладин.

Тој посочи дека интересот за конкурсот бил голем, во предвидениот рок пристигнале над 150 необјавени творби на македонски јазик, посветени на браќата Миладиновци, од кои тричлена жири-комисија издвоила 78 песни.

– Пристигнаа творби од поети од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска…, а целта беше создавање поетски дела посветени на животот на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци, нивниот придонес кон македонската преродба и духовна историја, посочи Миладин.

На маинефстацијата беа доделени награди за учесниците во трите циклуси, Дамир Марас од Хрватска е добитникот за најуспешно поетско достигнување од странските поети, Мирко Томоски од домашните поети и Мила Бочјевска од циклусот млади поети.