
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура до 8 степени, а дневната до 25 степени.
До крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.