Проекција на шпанскиот трилер „Пиги“ во Кинотека

- „Пиги“ е маестрален спој на психолошки трилер и хорор, создаден врз основа на наградуваниот краток филм на Переда од 2018 година. Филмот храбро ги отвора темите на телесната стигма, малтретирањето и траумата, градeјќи атмосфера натопена со напнатост, која кулминира во незаборавно кинематографско финалe, информира Кинотека.

Шпанскиот трилер „Пиги“ на режисерката Карлота Переда вечер ќе биде прикажан во Кинотека. Проекцијата на филмот се реализира како соработка на Кинотека и Амбасадата на Шпанија во нашата земја.

– „Пиги“ е маестрален спој на психолошки трилер и хорор, создаден врз основа на наградуваниот краток филм на Переда од 2018 година. Филмот храбро ги отвора темите на телесната стигма, малтретирањето и траумата, градeјќи атмосфера натопена со напнатост, која кулминира во незаборавно кинематографско финалe, информира Кинотека.

Филмот е наменет за публика на возраст над 16 години. Влезот е бесплатен.