
Проект: Мозоци од Психијатриската болница во Скопје
Министерот за здравство Азир Алиу кон крајот на декември минатата година најави дека треба да се одржи првиот состанок со странските експерти што треба да бидат ангажирани за финализирање на извештајот за случајот со непотребните операции на срце, но досега не се знаеше дали и кога оваа комисија би почнала со работа. „Информациите говореа дека таму има пациенти кои остануваат со години, по 20 по 30 години заборавени од семејството. Тоа е како еден мал град умираат луѓе. Што се случувало не знам, но патот ме одведе до професорот Колумбија (Росоклија), ме однесе до Судска медицина и до Царина. Кога јас требаше да тргнам со проектот веќе имав четири страни“, рече новинарка Точи во Топ Тема.
Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на тројцата членови на странската комисија која ќе го истражува случајот со непотребните операции на срце кои се вршеле во земјава.
Во соопштението на Здравство како прв од тричлената комисија се наведува доктор Уголино Ливи, кардиохирург од Италија со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине. Бил ангажиран и како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД.
„Има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. Исто така, како експерт е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни списанија во оваа област“, наведуваат од Министерството.
Останатите двајца експерти од областа се со потекло од Словенија. Станува збор за кардиоваскуларниот хирург Никола Лакиќ и интервентниот кардиолог Черчек Миха.
Доктор Никола Лакиќ има повеќегодишно работно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, доктор на науки е на Универзитетот во Марибор и има објавено повеќе стручни трудови посветени на кардиоваскуларната хирургија.
Доктор Черчек Миха има долгогодишно искуство на одделот за кардиологија при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана и има стекнато титула доктор на биомедицински науки на Универзитетот во Љубљана. Во рамки на својата експертиза бил ангажиран како истражувач на престижниот „Cedars-Sinai“ медицински центар во Лос Анџелес, САД.
Министерот за здравство Азир Алиу кон крајот на декември минатата година најави дека треба да се одржи првиот состанок со странските експерти што треба да бидат ангажирани за финализирање на извештајот за случајот со непотребните операции на срце, но досега не се знаеше дали и кога оваа комисија би почнала со работа.
Имињата на странските експерти кои ќе ги истражуваат непотребните операции на срце се објавени непосредно откако докторот и академик Сашко Кедев објави дека се повлекува од Здравствениот совет формиран од министерот за здравство во врска со овој случај. Во известувањето до Алиу тој наведува дека смета оти започнатите контроли треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со докажан кредибилитет.
Како дополнување на ова, нови информации излегоа во јавноста.
Новинарката Менче Точи за време на нејзината кариера кога работела во А1 телевизијата дошла до сознанија дека од Македонија се носат мозоци на испитување на Унвиерзитетот Колумбија. По информациите таа започнала да истражува, а првата потврда пристигнала од Психијатриската болница во Скопје од тогашниот директор.
„Информациите говореа дека таму има пациенти кои остануваат со години, по 20 по 30 години заборавени од семејството. Тоа е како еден мал град умираат луѓе. Што се случувало не знам, но патот ме одведе до професорот Колумбија (Росоклија), ме однесе до Судска медицина и до Царина. Кога јас требаше да тргнам со проектот веќе имав четири страни“, рече новинарка Точи во Топ Тема.
Таа раскажа дека во вработените во Царина и кажале дека првпат слушаат за такво нешто и дека не се запознаени. Па така започнала и да си ги поставува прашањата: Дали семејствата знаеле за такво нешто? И како тие мозоци излегувале од државата?
„Ако во Царината не знаат, дали со специјални летови тогаш се носеле? Што е со законот? Законот не го дозволуваше тоа“, рече Точи.
Таа го исконтактирала професорот Росоклија и тој многу бргу стигнал во Македонија за да разговараат.
„Се сретнавме бво познатата пицерија „Галија“, и тука почнаа убедувања зошто да се откажам од проектот, да не објавувам ништо дека се е во ред, дека работат на епохални откритија. Имиња нема да спомнувам, се јавив и во Судска медицина, и таму ми рекоа дека има проект. И дека соседна Бугарија сакала да го земе проектот, но еве ние сме го зеле и треба да сме среќни. Зошто почнаа притисоци од профеосор да не објавувам ништо, не знам. Она што ме шокираше сите ови години што на една од телевизиите излезе прилог како кампања во позитивна смисла за проектот дека во Македонија се прави многу добро нешто. Јас тогаш не почнав со истражувањето, бидејќи бев во фаза на докажување и доверба во тогашната телевизијата во која работев“, објасни новинарката Точи.
Новинарката во Топ Тема исто така раскажа дека не успеала да ги исконтактира семејствата на пациентите од болницата, но и било кажано дека се чуваат материјали во сефот на Психијатриската болница.
„Дали се уште постојат или се уништени, не знам или ако е се регуларно сега нема потреба. Бев подготвена да тргнам со тоа истражување доволно за да тргнам во моментот. Остана да тлее сите овие години. Ми се јавија потоа и ми рекоа дека се е регуларно“, додаде Точи.
Таа подоцна добила и покана од професорот Росоклија да престојува еден месец на Универзитетот Колумбија, но го одбила. Сепак Точи и ден денска не може да го пронајде одговорот зошто професорот Росоклија давал отпор приказната за мозоци да не се објави кога веќе бил проект за добробит на истражувачката дејност.