Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила

– Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација, ќе сообраќа електрична локомотива, електричен воз. Вредноста на проектот е 360 милиони денари, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и оти првата фаза веќе е отпочната.

– Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација, ќе сообраќа електрична локомотива, електричен воз. Вредноста на проектот е 360 милиони денари, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека со трите делници од проектот очекува драстично да се намали користењето на патничките моторни возила.

– Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, до центарот на Скопје, главната железничка станица. Втората делница е од Миладиновци, Илинден, Маџари, до главната централна железничка станица, а третата делница е од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково. Отприлика ова ќе биде рутата и цениме дека на овој начин ќе се растовари сообраќајот во Скопје. Голем број жители на општините околу Скопје и приградските општини ќе можат да ги користат овие линии, ќе бидат навистина брзи, удобни и јас очекувам драматично да се намали користењето на патничките моторни возила, повеќе да се користи овој Градски воз како проект, рече премиерот Мицкоски.