
Проектил погоди италијанска воена база во Ирак
Италијанска воена база во ирачкиот град Ербил беше погодена од ракета во текот на ноќта, објави италијанското Министерство за одбрана.
Италијанска воена база во ирачкиот град Ербил беше погодена од ракета во текот на ноќта, објави италијанското Министерство за одбрана.
„Ракета ја погоди нашата база во Ербил. Нема жртви или повредени меѓу италијанскиот воен персонал. Сите се безбедни“, објави министерството на социјалната мрежа X кратко по полноќ.
„Италијанските војници се засолнија во бункер веднаш по нападот, а сите членови на контингентот се безбедни и здрави“, напиша италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во посебно соопштение.
„Остро го осудуваме нападот врз италијанската база во Ербил“, рече Тајани.
Нападот се случи во ирачкиот автономен регион Курдистан, каде што има неколку меѓународни воени бази каде што се распоредени силите на западните земји. Инцидентот се случува во време на зголемени тензии во регионот поради војната меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна.