Блокирана работата на Државниот испитен центар. Околу 700 пријавени кандидати за наставници и стручни соработници нема да го полагаат испитот поради реактивирање на штрајкот на вработените. А под знак прашалник се става и реализирањето на државната матура догодина. Околу 26 вработени во институцијата бараат изедначување на нивните со платите на наставник ментор, кој се за 25 % повисоки. Велат повеќе месечните преговори со министерството за финасии не дале решение на нивниот проблем.
„Повеќе процеси ќе бидат засегнати од ова и ние сфативме дека МОН, па и Владата, не е заинтересирана за тоа во каков хаос ќе влезе нашиот образовен систам…… Тие 700 лица очекуваа да го положат испитот, да полагаат и да им се трансформира работниот однос со крајот на годината, како што е секоја година. Но во овој случај испитот нема да се случи… “
И додека од МОН апелираат дијалогот меѓу финансии и ДИЦ да продолжи до изнаоѓање на решение, во рамки на буџетските можности. Од финансии за Канал 5 велат преку воспоставено системско решение има континуиран раст на платите на сите вработени во јавниот сектор.
Надлежните потсетуваат и дека согласно потпишаниот нов општ колективен договор, во септември годинава за 10% биле зголемени платите и во оваа институција.
„Вработените во администрацијата, вклучително и вработените во ДИЦ, имаат статус на административни службеници и правото на плата го остваруваат согласно Законот за административни службеници, со кој се воспостави систем за раст на платите.“
Вработените во ДИЦ претходно во мај одлучија да го прекинат штрајкот за да биде спроведена државната матура, но бидејќи велат не добиле достоинствени плати, од 11-ти декември се во генерален штрајк.