Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК
Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува судењето на поранешните лидери ОВК/УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.
На 30 септември 2022 година, Специјалното обвинителство поднесе потврдено дополнето обвинение против Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими во 10 точки, во кое ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори на ОВК во Косово и Албанија.
Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.