Продолжува расправата за ребаланс на Буџетот

Во македонското Собрание денеска во Комисијата за финансирање и буџет и трет ден ќе расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи …

Во ребалансот се предвидени околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни.

Во првите два дена од расправата пратениците од власта порачаа дека ребалансот на Буџетот е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, а 76 милиони евра се предвидени за нови, приспособени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Пратениците од опозицијата, пак,  велеа дека ребалансот е доказ дека државата е на раб на банкрот, јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра, а граѓаните секојдневно осиромашуваат.

Членовите на Комисијата во текот на расправата за ребалансот на Буџетот треба да разгледаат и преку 200 амандани.