Продолжува потрагата по уште четири исчезнати лица во поплавеното подрачје на Федерацијата БиХ
Денеска продолжува потрагата по исчезнатите во неодамнешните поплави и свлечишта во областите на Федерацијата Босна и Херцеговина, каде четири лица се водат како исчезнати.
Бројот на загинати достигна 22 жртви.
Поради опасност од нови врнежи и лизгање на земјиштето, повеќе од 400 жители во текот на ноќта се евакуирани од Јабланица и Коњиќ, а по мирната ноќ утрово се вратиле во своите домови.