
Продолжуваат судирите во Газа и покрај привремениот прекин на израелската офанзива
Судирите помеѓу израелските сили и Хамас во Газа продолжија и покрај привремената пауза во офанзивните операции, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Судирите помеѓу израелските сили и Хамас во Газа продолжија и покрај привремената пауза во офанзивните операции, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Иако израелската копнена офанзива во градот Газа беше паузирана во саботата, ИДФ изврши низа воздушни напади како одговор на, како што наведуваат, продолжувањето на нападите од Хамас, пренесе Тајмс оф Израел.
ИДФ соопшти дека борбени авиони извршиле прецизни напади на повеќе локации – првиот напад бил насочен кон вооружена ќелија на Хамас која, според тврдењата на војската подготвувала минофрлачки и експлозивен напад врз израелските трупи во Газа.
Сите осомничени борци, наводно биле убиени.
Вториот напад погодил друга ќелија која истрелувала минофрлачи врз израелските војници, при што еден војник бил полесно повреден. Тој бил пренесен во болница.
Во третиот инцидент, ракетни гранати биле испукани врз возила на 98-та дивизија.
Немало повредени, а ИДФ наведува дека авионите го уништиле објектот од каде биле лансирани проектилите.
Иако офанзивата е паузирана, израелските трупи и понатаму спроведуваат одбранбени и тактички операции во урбаните зони на Газа.
ИДФ истакна дека паузата се однесува исклучиво на „масовни копнени напади“, додека „воздушните напади и одговорот на заканите продолжуваат со полн капацитет“.