Михаило Подољак – членот на украинската делегација и помошник на претседателот Зеленски потврди дека разговорите со руската делегација ќе продолжат денеска.
„Да, се разбира. Продолжуваме утре наутро. Тоа ќе биде следниот круг. Претходно работевме исклучително интензивно во работните подгрупи“ – изјави синоќа Подољак за украински весник.
Првата рунда од дијалогот меѓу Русија и Украина се одржа на 28. февруари во регионот Гомел во Белорусија, кога делегациите разговараа пет часа.
Потоа двете страни се состанаа на 3. март во областа Беловежскаја и на 7. март во регионот Брест.
На 10. март, министрите за надворешни работи на Русија и на Украина, Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба одржаа консултации на дипломатски форум во турскиот град Анталија.
Во моментов, преговарачите продолжуваат да комуницираат преку видео врска.