Продолжен притворот на таткото на осомничениот за масовното убиство во Младеновац
Вишиот суд во Смедерево му го продолжи притворот за нови 30 дена на Р.Б (54) таткото на У.Б., кој уби девет и рани 11 лица на територијата на Младеновац и Смедерево, потврди судот за Танјуг.
Обвинителството на 3 јули му предложи на судот на Р.Б. да му го продолжи притворот поради сомнение дека ќе го повтори делото, како и поради вознемирување на јавноста.
Обвинителството го сомничи за кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, а тој е приведен заради утврдување на фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син го извршил кривичното дело.
На рочиштето Р.Б негирал извршување кривично дело.
При претрес на објектите што ги користел Р.Б. пронајдени се неколку стотици куршуми од различен калибар, барутно полнење за муниција, по еден пиштол и револвер во форма на огнено оружје, еден рачно изработен уред чкрапало, како и повеќе оптички нишани и други разновидни делови од огнено оружје.
У.Б., вечерта на 4 мај, со истрели од автоматско оружје уби осум лица, а се обиде да убие уште 12 лица, од кои едното подоцна им подлегна на повредите.
Се сомнева дека бегајќи од полицијата најпрвин украл автомобил, по што му наредил на таксист да го вози, заканувајќи му се со бомба.