Продолжен притворот на таткото на масовниот убиец од Младеновац

На Р.Б., таткото на У.Б.(21), масовниот убиец од Младеновац, со одлука на Вишиот суд во Смедерево, каде што е во притвор од 8 мај, му е продолжен притворот за нови 30 дена.

Тогаш во куќата на Р.Б било пронајдено оружје кое било одземено. Таткото на У.Б. е воен човек.

Да потсетиме, У.Б. од околината на Младеновац е обвинет дека на 4 мај убил 8 лица и повредил 14.

Осум часа подоцна бил уапсен, а на рочиштето во обвинителството го признал делото.