Вишиот суд во Зајечар им го продолжи притворот на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ за уште 30 дена, потврдија за Танјуг во тој суд.
На 24 септември, Вишото јавно обвинителство во Зајечар против нив поднесе обвинителен акт во кој беше опфатен и таткото на првообвинетиот Радослав Драгијевиќ.
Обвинението е доставено до судот.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство, а Радослав Драгијевиќ за кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело и непријавување на кривичното дело и на сторителот.
Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
На 26 март Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ во Бањско поле кај Бор со автомобил на Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ каде што биле вработени прво го удриле двегодишното девојче, а потоа го внеле во возилото. Се сомнева дека нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна било преместено.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.