Продавниците во Хрватска на вчерашниот бојкот имале за 44 отсто помал промет отколку пред две недели

Според податоците на Даночната управа на Хрватска, вкупниот број на издадени фактури во трговијата на мало во петокот, на 31 јануари, е за 20 отсто поголем од минатиот петок, кога исто така беше спроведен бојкотот, а вкупниот износ на издадените фактури е поголем за 19 отсто. Но, споредено со 17 јануари кога немаше бојкот, бројот на фактури е помал за 32 отсто, а сумата е помала за 44 отсто.

„Со оглед на големиот јавен интерес, објавуваме податоци од системот за фискализација, во кои се вклучени бројот и висината на фактурите“, известија од Даночната управа.