
На земјава и претстои енергетски најтешката зима. Надлежните, кои прават максимални напори за обезбедување доволно електрична енергија и природен гас, најавуваат дека идниот месец се планира прогласување кризна состојба, но рестрикции не се очекуваат.
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера рече дека третиот блок на РЕК Битола ќе биде ставен во функција на 1 октомври, наместо на 15 ноември како што првично било планирано и за тоа се направени сите подготовки, на РЕК Осломеј ќе му се направат потребните ремонти за од септември да биде во функција, а следната недела ќе биде ставена во функција и една постројка во ТЕЦ Неготино.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), пак, обезбеди 100 милиони евра со кои АД ЕСМ ќе може да купува јаглен и мазут.
Според Бектеши, се прават напори ЕСМ да ги обезбеди сите потреби на домаќинствата и на 67-те илјади микро и мали компании, кои се на регулираниот пазар. Малите и микро компаниите на некој начин се субвенционирани од државата и за нив цената на електричната енергија се движи од 205 до 210 евра за мегават час што е двојно пониско од пазарната. Само 4 500 компании се на слободниот пазар од кои повеќето имаат договори за набавка на електрична енергија со пониски цени од пазарната.
Моментно, цената на електричната енергија на берзата ХУПЕКС е околу 420 евра за мегават час или речиси 10 пати повисока во споредба со цената од 48 евра за мегават час што ја нуди ЕСМ за домаќинствата, но се очекува зимава да биде и околу 500 евра за мегават час.
– Ќе ја имаме најтешката зима. Ситуацијата е сериозна и непредвидлива и не зависи само од нашата земја и од државите во регионот, туку зависи и од начинот како ќе се одвива војната во Украина. Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и во август да прогласиме кризна состојба. Комисијата предвидува различни мерки, вклучувајќи ги и рестрикциите, но ако се се одвива согласно планот и во случај да нема забрана на увоз на електрична енергија како што сме имале во одредени периоди во минатото од страна на Бугарија, не верувам дека би имало рестрикции во нашата држава, истакна Бектеши на средба со новинарите.
Државата ќе ги разгледа и опциите да му се помогне на бизнисот. Министерот рече дека ќе има средба со Стопанската комора. Можно е, како што напомена, активирање и на втората постројка во ТЕЦ Неготино од околу 90 мегавати која ќе работи само за потребите на индустријата. Зголемен е и ископот на домашните капацитети за јаглен, а потпишани се и договори за континуирано снабдување со јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј со фирми од Грција и Албанија. Се очекува тоа да се направи и со фирма од Косово. Капацитетот на акумулациите е на ниво од 50 отсто што е за 20 отсто повисоко од лани, а хидро потенцијалите од почетокот на годинава се користат само за балансирање на системот и системски усогласувања, но не и за производство на електрична енергија. Се планира тоа да се прави до ноември со цел да се зачуваат капацитетите за зимата.о е под цената на пазарот. На располагање ќе ставиме хибридни обврзници во вкупна вредност до 7,7 милијарди евра, појасни германскиот канцелар.
Сепак, пакетот за спас на „Унипер“ мора да го прифати и Европската комисија, па дури потоа Германија ќе може да ги спроведе сите планирани мерки. мч/сп/