Прогласена епидемија на морбили на подрачјето на Бања Лука

На подрачјето на градот Бања Лука денеска е прогласена епидемија на морбили откако е забележан пораст на бројот на пријавени случаи на оваа инфекција, соопшти Здравствениот дом Бања Лука.

Во Здравствениот дом се евидентирани 12 лица заболени од оваа заразна болест, од кои четири се хоспитализирани.

Од наведениот број, 11 лица се невакцинирани или нецелосно вакцинирани со вакцината против морбили (МРП).

Потсетуваат дека сипаниците или морбилите се исклучително заразна вирусна инфекција, против која постои ефикасна вакцина, која е задолжителна за сите деца до седум години.

Здравствениот дом во Бања Лука апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да се придржуваат до превентивните мерки за, како што наведуваат, „сите заедно да го сузбиеме ширењето на оваа заразна болест“.