Провокативна, незаконска и неприфатлива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија, порача Мицотакис

Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече својата земја со друго е незаконска и неприфатлива иницијатива, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Тој вели дека се работи за акт, со кој се прекршуваат Договорот од Преспа и Уставот на државата.

„Но и поткопување на иднината на државата, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел“ посочува грчкиот премиер.

Додаде дека Нова демократија како опозиција и гласаше против Договорот од Преспа и предупреди за проблемите што се создаваат, но посочи дека сега, како Влада, го почитуваат „грчкиот потпис на меѓународен договор, обврзувачки за земјата“.