Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Синиша Ивановски – директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“ на својот профил на Фејсбук објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка.

„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце-Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од по специфичните градежни активности. А, на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата, но можам да соопштам дека нај специфичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес. Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море“ – објави Ивановски.