При слетување се сруши авион со 72 патници во Непал

Авион со 72 патници се сруши на аеродромот Похара во централен Непал. Властите соопштија дека досега се најдени телата на 16 настрадани.

Авионот на компанијата „Јети Ерлајнс“ летал од Катмандуа за Похара. Се срушил при слетување, а потоа се запалил. Во авионот биле 68 патници и четири членови на екипажот, а првичните информации говорат дека 10 од патниците биле странски државјани.

Во акцијата за спасување биле вклучени и војниците.

Премиерот Пушпа Камал Дахал свика итен состанок во кабинетот.