
Погребот на Михалис Кацурис, загинатиот навивач на АЕК во судир со Бед Блу Бојс ќе биде во петок, а во неговата населба Елефсини владее тага и неверување, пишува грчки Газета.
Тој наведува и дека Михалис, кој беше убиен на 29 години, во соседството го паметат како мирен и чесен работник и млад човек.
Во продолжение Грците ги објавија изјавите на неговите пријатели. Последните моменти на Михалис за телевизијата АНТ1 ги опиша неговиот пријател Христос.
„Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам. Трчавме затоа што се обидувавме да избегаме од напаѓачите, а потоа слушнав како Михалис вели дека го избоделе. Крварел изобилно цело време, а со нас беше една девојка.Влеговме во кафулето и заедно седнавме во сепаре.Девојката направи се што можеше да му помогне.Брзата помош не дојде иако многу луѓе ја повикаа.Како што слушнав , полицијата 20 минути не дозволуваше да дојде брзата помош“, рече Христос и додаде:
„Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, каде има многу повредени, а мојот пријател умира. Така брзата помош пристигна на местото на злосторството. Михалис никогаш никого не повредил. Го сакаше АЕК, тоа му се гледаше во секој дел од животот. Сите сме со тебе брате. Веќе две ноќи не спиеме“.