Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.
Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.
Едно од осомничените лица кое не е достапно на органите на истрагата е познато за јавноста. По него се трага, по што, ќе биде приведен. Мотивот за убиството се пари.
Станува збор за група од пет лица кои се осомничени.
Тројца се спроведени во Кривичен суд.
На нив ќе им биде определен притвор, кој ќе го издржуваат во затворот „Скопје“ во Шутка.