Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп

Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен интерес, доктор-хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил интервенција, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде 150 евра за да се почестел за извршената работа.

Јавното Обвинителство определи мерка притвор од осум дена за хиругот М.С.(64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Како што е познато М.С. беше уапсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28 јануари во просториите на болницата во Битола.

Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен интерес, доктор-хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил интервенција, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде 150 евра за да се почестел за извршената работа.

Откако осомничениот ги примил парите, бил извршен претрес, а овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.