Канцеларот на Австрија – Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за БиХ. Тој додаде дека Австрија ќе се залага за тоа.
Канцеларот истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.
„Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Северна Македонија и за Албанија“ рече Нехамер.