Принцот Хари ѝ оддаде почит на својата баба, велејќи дека иако многу им недостига сепак среќни ги прави помислата дека таа и неговиот дедо, двајцата се заедно во мир.
Првпат принцот Хари јавно зборува по смртта на неговата баба, кралицата Елизабета Втора.
„Прославувајќи го животот на баба ми, Нејзиното Височество кралицата – и жалејќи ја нејзината загуба – сите се потсетуваме на компасот што беше таа за многумина во нејзината посветеност на службата и должноста. Таа беше глобално почитувана и ценета“ – изјави принцот Хари во изјава за веб-страницата „Archwell“.
Тој рече дека иако нивната последна средба носи тага, „тој е засекогаш благодарен за сите нивни први средби – од неговите најрани спомени од детството со неа до првиот момент кога ја запознала неговата сопруга и ги прегрнала нејзините правнуци“.
„Го ценам овој пат што го споделив со вас и многу други посебни моменти помеѓу нив. „Веќе ни недостигаш толку многу, не само нас, туку и на целиот свет“, заклучил Хари.