Принцот Вилијам сака принцот Ендрју да биде трајно отстранет од кралското семејство

Принцот Вилијам сака неговиот чичко, војводата од Јорк, принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот и должностите. Вилијам денес полни 40 години и е втор во редот за наследување на тронот по неговиот таттко, принцот Чарлс.

Вилијам е „на иста страна“ со неговиот татко кога станува збор околу намалување на бројот видни членови на кралското семејство и дека тој не гледа никакво враќање за Ендрју, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка и поврзаност со сексуалниот напасник Џефри Епстин.

Војводата од Јорк, принцот Ендрју (62) е трето дете и втор син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Тој е деветти во низата наследници за британскиот престол.

Кралицата веќе му ги одземе сите воени почести на Ендрју и титулата Неговото кралско височество. Според наводите, Вилијам се обидува и да ги поправи односите со  брат му Хари и настојува ќерките на Ендрју и Сара, Беатрис и Јуџин. Од минатата година, Ендрју не смее да се појавува на ниту еден јавен настан поврзан со кралското семејство.