Принцот Вилијам ги посети англиските фудбалери пред патувањето на Европското првенство
Британскиот принц Вилијам денеска ги посети фудбалерите на Англија пред нивното патување на Европското првенство во Германија.
Принцот Вилијам, кој ја извршува и функцијата претседател на Фудбалската асоцијација на Англија, се сретна со националниот тим и селекторот Герет Саутгејт во англискиот фудбалски центар Сент Џорџ Парк во Бартон на Трент, јавува BBC.
Тој одржа краток говор, а потоа на репрезентацијата и даде хумористични совети, кои доаѓаат од неговиот најмлад син – шестгодишниот принц Луис.