Принцезата Викторија во Шведска по вторпат закачи корона
Шведската принцеза Викторија (45) во март минатата година беше позитивна на Ковид 19, но сега повторно е заразена со вирусот, објавија од кралската палата.
Иако е целосно вакцинирана, принцезата има симптоми на настинка, но инаку се чувствува добро, се вели во соопштението.
И таа и нејзиното семејство се во изолација.
Во Шведска се регистрирани 23.877 нови случаи на инфекција на 5. јануари, што е повеќе од двојно од врвот во декември 2020 година.
Во Шведска, која има околу 10,4 милиони жители, досефа 1.4 милиони луѓе беа заразени со Ковид 19, а регистрирани се 15.377 смртни случаи.