Примопредавање на должноста министер за локална самоуправа

„Денес извршивме примопредавање со новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов. ЛДП продолжува да го води овој ресор важен за развојот на планските региони и општините. Посакувам успешна работа“, напиша доскорешниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски на својот фејсбук профил.

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.

На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.