Систем за наводнување со користење на дождовницата на тим прилепски средношколци е една од петте наградени иновации во земјава. Тимот од пет ученици од средното училиште „Орде Чопела“ и нивниот професор – ментор, агроном-инженер Ѓорѓија Гагалески нудат решение за наводнување насади и градини користејќи ја дождовницата и штедејќи вода и средства.
Како што објаснува менторот, професорот Гагалески, навидум иновацијата е едноставна, ама нуди практично решение. За наводнување на половина декар училишен расадник им беа потребни 2 000 евра инвестиицја. Предноста е што растенијата не зависат од тоа кога ќе заврне, а системот може да се контролира на далечина.
Андреа Гагалеска, лабараториско-санитарен техничар во средното училиште „Орде Чопела“ од Прилеп е еден од петте ученици во тимот. Среќна е зашто создавале и се дружеле.
-За иновацијата не ни беше тешко. Се дружевме, работевме, создававме. Интересно беше да се дознаат нови работи за со дождовницата да го наводнуваме нашиот овоштарник. Очекуваме добар плод, барем 90 насто и да го користиме за потребите на лабараторијата и училишната пекарница, смета Андреа Гагалеска.
В.д. директорката на училиштето, Тереза Златеска Трајкоска, посочува дека и досега имале проекти за заштита на животната средина.
Иван Јованов, извршен директор на здружението „Лидери за едукација, актвизам и развој“ од Скопје, дојден во контрола на иновацијата, вели дека учениците, заедно уште со други четири тима од две скопски, едно тетовско и едно валандовско училишпте се добитници на грантот од програмата на „Ап шифт“, а ја спроведуваме заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, со УНИЦЕФ и владата на Шведска.