Пригожин сè уште е под истрага на ФСБ

Евгениј Пригожин сè уште е под истрага од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поради сомневање дека организирал вооружен бунт, објави денеска весникот „Комерсант“, повикувајќи се на неименуван извор.

Кривичното дело против Пригожин беше отворено на 23 јуни, откако тој најави „марш за правда“ против военото раководство на Русија.

Како дел од договорот, како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кривичните пријави против бунтовниците требаше да бидат отфрлени во замена за нивно враќање во камповите, а Пригожин требаше да биде преместен во Белорусија.

На својата веб-страница „Комерсант“ цитира извор кој вели дека сè уште не е време да се промени статусот на делото.