Пригожин е мртов – пристигнаа резултатите од ДНК анализата

Евгениј Пригожин е мртов, потврди Рускиот истражен комитет.

По, како што ги нарекува, генетските испитувања, Рускиот истражен комитет потврди дека 10 лица наведени во руската авијација како патници во авионот се мртви.

Меѓу нив е и Евгениј Пригожин.

Во рамките на кривичната истрага за авионската несреќа во регионот Твер, завршени се молекуларните генетски тестови“, се наведува во соопштението.

Се додава дека според нивните резултати е утврден идентитетот на сите 10 загинати.

Тие одговараат на списокот на патници во авионот“, се додава во соопштението.

На списокот на патници беа: Пропустин Сергеј, Макаријан Евгениј, Тотмин Александар, Чекалов Валери, Уткин Дмитриј, Матушев Николај и Евгениј Пригожин.

Меѓу членовите на екипажот беа пилотот Левшин Алексеј, копилотот Каримов Рустам и стјуардесата Кристина Распопова.

Да потсетиме, авионот на Пригожин се урна на 25 август во регионот Твер. Во него имало 10 луѓе и никој не преживеал.

Додека беше потврдено дека лидерот на Вагнер е на списокот на патници, неговото тело не беше идентификувано.

Кремљ негираше дека има некаква врска со несреќата.