
Приведен романскиот претседателски кандидат Георгеску
Обвинителите го истражуваа Георгеску од декември поради нејасното финансирање на кампњата, додека романските тајни служби наведоа дека имало руското мешање во изборната кампања на Георгеску.
Романскиот проруски десничарски екстремист и поранешен претседателски кандидат Калин Георгеску денеска е приведен, објави неговиот изборен тим на Фејсбук.
Не е соопштена причината за неговото приведување.
Георгеску победи во првиот круг од претседателските избори во Романија на 24 ноември. Сепак, непосредно пред вториот круг гласање, Уставниот суд го поништи првиот круг поради нерегуларности во финансирањето на кампањата. Изборите мора да се повторат.
Георгеску има намера повторно да се кандидира на новите избори закажани за 4 мај. Уставниот суд допрва треба да одлучи дали му е дозволено тоа. Рокот за поднесување на кандидатурите е 15 март.
Обвинителите го истражуваа Георгеску од декември поради нејасното финансирање на кампњата, додека романските тајни служби наведоа дека имало руското мешање во изборната кампања на Георгеску.
Јавното обвинителство во Букурешт соопшти дека се извршени претреси во домовите на поддржувачи на Георгеску низ целата земја поради финансирање на кампањата и сомнеж за нелегална десничарска екстремистичка пропаганда.