![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/Pece-750x430.png)
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски, попладнето е приведен во полициската станица Кисела Вода. Откако ќе даде свој исказ во станица, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски, попладнето е приведен во полициската станица Кисела Вода. Покрај Мирчески, приведен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, опфатен со истата истрага.
Откако ќе дадат свој исказ во станица, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Основното јавно обвинителство во Скопје, заедно со Управата за финансиска полиција, преземаат мерки за обезбедување докази во случај поврзан со кривични дела, како што се примање и давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.
Во рамките на истрагата, се вршат претреси на неколку локации во Скопје, за кои е издадена наредба од судија на претходна постапка.