Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата го приведе охриѓанецот А.И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

„На 24.04.2024 година во 12.15 часот, во СВР Охрид приведен е А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид, стои во денешното соопштение.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштуваат од МВР.