Приведен новинар на Ројтерс на митингот во Скопје зашто снимал со дрон

Во моментов во полициската станица во Центар се наоѓаат седум медиумски работници меѓу кои и новинари од светски реномираната агенција Ројтерс кои биле приведени веднаш по завршувањето на протестот за трагедијата во Кочани на плоштадот во Скопје.

Веднаш по завршувањето на протестот овие седум медиумски работници биле повикани од полицијата да дадат изјава. Објаснувањето било дека се во станица затоа што оделе во живо со снимки од дрон на Фејсбук од големиот протест на плоштадот во Скопје.Во моментов според наши информации се пристигнати и инспектори од АНБ кои ги испрашуваат колегите новинари.

Истиот случај е и во Кочани каде што се приведени колеги од бугарската телевизија БТВ исто така поради летање на дрон. Колегата од Ројтерс вели дека вакво нешто нема видено никаде во светот.

-Минатата недела летав дрон на фронтот во Украина, претходно со дрон летав во Гренланд каде си следев изборите кои ја одлучуваа иднината на островот. Вакво нешто никогаш не ми се случило, вакво нешто немам видено никаде во светот, вели колегата од Ројтерс.

Објаснувањето од МВР е дека имало забрана за летање на дронови од новинарските екипи во цела Македонија иако истата била официјално објавена неколку часа откако веќе било извршено летањето со дронови и никој од медиумите не бил навремено известен.