Приведен напаѓачот на новинарската екипа пред „домот” на Онишченко

Од полицијата потврдија дека е приведен напаѓачот врз екипата на ТВ 24 во Пржино додека го снимаа живеалиштето на контроверзниот украинец Олександр Онишченко.

По нападот кој се случи попладнево, реагираа новинарските здруженија, а сопственикот на куќата на која фиктивно е заведен Онишченко кој како спортист добил македонско државјанство беше приведен.

Од МВР го испратија соопштението:

Денеска (14.11.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од Љ.И. (42) од Скопје, снимател во ТВ 24, дека денеска околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П..

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од јавен обвинител, против М.П: ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство“ по чл. 386 од КЗ.

Насилникот првин го покажува половиот орган, а потоа го напаѓа со боксови снимателот од новинарската екипа на улица и на јавна површина.