Вук Вицо, тик-токер и хрватски државјанин, е автор на видеото кое наводно послужило како инспирација за крвавиот пир што го направи малолетниот Коста Кецмановиќ во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, во Белград. Вицо доби 48 часа притвор во Нови Сад.
На социјалните мрежи се појави видео со грозоморни сцени и референци за насилство и убиства, пишува Информер.
На видеото детално се прикажани сцените од подготовката на убиството и вистинскиот чин на убиство, како и фотографии од лицата кои биле негова мета на ревијално убиство.
„Тик-токер“ во видеото вели дека секој, како што вели, што ќе му се спротивстави ќе ги трпи последиците.
Поради вознемирувачки сцени, видеото нема да биде објавено.