МВР информира дека синоќа во 20 часот на подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17.30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари.
Со него е извршен службен разговор во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените пари кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.