Бојко Борисов – лидерот на ГЕРБ, неговата советничка за медиуми Севдалина Арнаудова, поранешната пратеничка Менда Стојанова и поранешниот министер за финансии – Владислав Горанов се приведени во Бугарија. Полицијата влегла во домот на екс- премиерот а Бугарија, во Банкија.
Тој вечерва во полициски автомобил го напушти својот дом откако бил изваден од полицаец и ќе биде предаден на Националната полициска служба на Бугарија.
Сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред куќата на Борисов и се упатија кон местото каде што ќе биде испорачан поранешниот премиер.
Вицепремиерот на ГЕРБ – Тома Биков ги повикал симпатизерите на нивната партија да дојдат на протест во Софија.
Речиси три часа траел претресот во домот на Борисов. Приведувањето е извршено во рамките на специјалната операција за злоупотреба на европските фондови, објавија локалните медиуми.
Истите контроли се вршат и во домовите на претставници на големиот бизнис.
Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, известуваат бугарските медиуми.
„Никој не е над законот“ – напишал на Фејсбук премиерот Кирил Петков како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Борисов.