Единицата за економски криминал при СВР Скопје денес го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и одзеде дополнителна документација поврзана со постапувањето на претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а по комплетирање на материјалите се очекува поднесување кривична пријава до обвинителството.
Приведувањето следи по повеќемесечни контроверзии околу управувањето со јавната чистота во главниот град и институционалните реакции на надлежните служби. Рустеми е на функцијата од 29 јануари 2025 година. Претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“ од 2017 до 2021 година, а потоа во соработката со Арсовска од 2023 до 2024 помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.
Рустеми важи за кадар близок до Блерим Беџети.